Јунајтед потврди: Роналдо потпиша двегодишен договор со можност за уште една сезона

Манчестер Јунајтед и официјално го потврди договорот со Кристијано Роналдо. Португалецот пристигна од Јувентус и потпиша двегодишен договор со „ѓаволите“, а постои и опција за продолжување на уште една сезона.

Иако трансферот веќе беше официјализиран, сега се средени сите потребни документи и фудбалерот е регистриран за настапи во клубот. По потписот на Кристијано Роналдо, Оле Гунар Солскјер јавно проговори за трансферот, а имаше само пофални зборови за фудбалерот. 

„Остануваш без зборови да го објасниш Кристијано. Тој не само што е неверојатен фудбалер, туку е и голем човек. Да имаш таква желба, можност и решителност да играш на високо ниво толку време, потребно е да си голем карактер. Немам сомнеж дека ќе продолжи да одушевува со сето свое искуство, тој ќе биде витален дел на тимот, особено кон младите ирачи. Враќањето на Роналдо ја демонстрира единственоста на клубот и навистина сум пресреќен што се враќа дома“, изјави Оле.

  • Официјалната потврда на договорот:

Португалецот ќе се приклучи на нападот во кој игра Единсон Кавани. Со сигурност Роналдо ќе биде од корист на тимот, со своето искуство, игра и решителност на теренот, но и надвор од него.

Роналдо по 12 години повторно ќе заигра за Манчестер Јунајтед, откако настапуваше за Реал Мадрид и Јувентус. Фановите се одушевени, а очигледно и Португалецот едвај чека пак да се појави во Манчестер.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.