Јунајтед плаќа 100 милиони фунти за наследникот на Кристијано Роналдо

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е подготвен да реализира мега-трансфер и во своите редови да го донесе најталентираниот португалски фудбалер во моментов.

Се работи за 19-годишниот офанзивец кој игра во средниот ред, Жоао Феликс, кој е член на Бенфика. Европските великани се заинтересирани за неговиот потпис, а една од екипите кои го следат е и Манчестер Јунајтед, кој веќе ја испрати првата понуда.

Оле Гунар Солскјер ќе го засилува тимот за в година, а медиумите од Португалија велат дека Јунајтед ќе даде 105 милиони фунти, само за да го добие Феликс во своите редови. Првите контакти со Бенфика, претставниците на англискиот тим ги имале за време на мечот меѓу Бенфика и Галатасарај во Лига Европа.

Жоао Феликс, кој се смета за наследникот на Кристијано Роналдо во светскиот фудбал, има сезона за паметење. Одигра 43 меча во дресот на „орлите“ и даде 20 гола и 11 асистенции. Бенфика благодарение на погодоци на Феликс дојде и до трофеј во Примера.