Јунајтед никогаш полош: Катастрофална статистика за Солскјер во ЛШ

Јунајтед

Јанг Бојс го приреди првото изненадување во новата сезона од Лигата на шампионите, победувајќи го големиот Манчестер Јунајтед на домашен терен.

Премиерлигашот одигра меч за заборав, во кој запиша катастрофална статистика. Упати само два удари кон противничкиот гол, што е најмалку во последните 138 меча, поточно од сезоната 2003/04.

Последниот удар кон домашниот гол го упати Кристијано Роналдо уште во 25. минута. До крајот „црвените ѓаволи“ останаа и со играч помалку, што придонесе во комплетирање на пресвртот на швајцарскиот шампион.

Оле Гунар Солскјер продолжи да реди неуспеси во Лигата на шампионите. Моментално стои на скор од седум порази на 11 натпревари како тренер на својата поранешна екипа.

Трагичар на мечот беше Џеси Лингард, кој го замени Роналдо во вториот дел. Офанзивецот направи непромислен потег и ја врати топката до противнички играчч, кој немаше проблеми да реализира во последната минута.

Состави

David Wagner

4-4-2

    Ole Gunnar Solskjaer

    4-4-2