Јунајтед нема да биде ист без него - седум години од пензијата на Сер Алекс Фергусон

Фергусон

Пандемијата со коронавирусот спречи да се играат фудбалски натпревари ширум светот, па овој период е одличен да се потсетиме на она што се случувало низ историјата.

Денешниот ден нè навраќа на еден тажен момент во новиот век, поврзан со Манчестер Јунајтед. Пред точно седум години Сер Алекс Фергусон потврди дека заминува во пензија, по 26 години поминати на „Олд Трафорд“.

Премиерлигашот го направи еден од најпопуларните клубови на светот, освои 13 титули во англискиот шампион, две во Лигата на шампионите и постави стандард кој тешко дека некој ќе успее да го израмни, а не пак да го надмине. Неколку имиња пристигнаа во клубот за да го заменат, но ниту Мојс, Ван Гал и Мурињо не беа достојни за извршување на тешката задача во Манчестер.

Моментално неговата мисија се обидува да ја продолжи Оле Гунар Солскјер, неговиот поранешен играч. Засега не може да се тврди колку успеашно или неуспешно ја води екипата, но раководството верува дека тој моментално е најдоброто долгорочно решение за тимот.

Фергусон е роден во далечната 1941 година во Шкотска, а пред да се пресели во Премиер лигата, водеше неколку екипи во родната земја. Пред две години направи операција на срцето, по која загрижи голем број негови фанови, кои неколку месеци подоцна добија одлични вести и повторно имаа можност да го гледаат на „Олд Трафорд“.