Јунајтед наскоро ги претставува Варан и Трипие

Варан Трипие

Манчестер Јунајтед се подготвува да соопшти две убави вести за фановите. Одбраната на „црвените ѓаволи“ ќе биде поцврста за две засилувања од Шпанија.

Наскоро се очекува да бидат претставени Рафаел Варан и Киран Трипие. Францусинот ќе пристигне од редовите на Реал, а англискиот репрезентативец од Атлетико Мадрид. Оле Гунар Солскјер инсистираше на нови имиња во дефанзивната линија. Тој дел од играта според норвешкиот стратег е она што треба да се поправи, за тимот да биде на посакуваното ниво во новата сезона.

„Кралевите“ наводно прифатиле сума од 50 милиони фунти за својот фудбалер. Варан ќе го напушти Мадрид по десет години.

Искусниот Трипие по две сезони сака да се врати во Премиер лигата. Минатата сезона стана шампион на Примера, а сега за 18 милиони фунти ќе го засили тимот од „Олд Трафорд“.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.