Јунајтед му понудил договор од соништата на Марсијал

Иако на стартот од сезона не беше во плановите на Жозе Мурињо, дури беше и поврзуван со напуштање на „Олд Трафорд“, младиот француски напаѓач Антони Марсијал, моментално заедно со Давид Де Хеа се единствените светли точки, во редовите на Манчестер Јунајтед. 

Офанзивното крило игра во животна форма оваа есен и според британските медиуми ќе добие награда од раководството на Јунајтед, односно нов договор, кој ќе биде далеку побогат од сегашниот. 

Марсијал со евентуален потпис на овој договор на „Олд Трафорд“ ќе се задржи уште најмалку пет години, а неделно ќе заработува скоро 200.000 фунти, со што ќе стане еден од најплатените „ѓаволи“. 

Изминатото лето за младиот крилен напаѓач имаше интерес од неколку врвни европски клубови, меѓу кои беа Јувентус, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.