Јунајтед му го украде на Арсенал, па го прати за позајмица во Холандија!

Младиот напаѓач Чидо Оби-Мартин ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе настапува за Вилем 2 на позајмица. Договорот е постигнат, а двата клуба ги финализирале сите детали за трансферот.

Оби-Мартин денеска треба да ги помине лекарските прегледи, а веќе отпатувал на својата нова дестинација. Станува збор за позајмица до јуни 2027 година, без вклучена опција за откуп на неговиот договор.

Јунајтед на тој начин сака да му овозможи на 18-годишниот напаѓач да добие поголема минутажа и да продолжи со развојот низ сениорскиот фудбал.

Оби-Мартин пристигна на „Олд Трафорд“ од Арсенал како голем талент, а сега следува нов чекор во неговата кариера. По истекот на позајмицата, Манчестер Јунајтед ќе има целосна контрола врз неговата иднина, бидејќи нема клаузула за откуп.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.