Јунајтед конечно пронајде бек, Муние од ПСЖ на чекор до „Олд Трафорд“

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед, по сè изгледа пронајде трајно решение за позицијата десен бек. 

Оле Гунер Солскјер па и неговиот предводник Жозе Мурињо долго време ја крпеа оваа позиција си фудбалери како Јанг, Дармијан, Валенсија, па затоа сега „ѓаволите“ решија своето прво летно засилување да им биде токму на тоа поле од теренот.

Според последните најави кои доаѓаат од Островото, пред преселба на „Олд Трафорд“ е Томас Муние. Членот на ПСЖ оваа сезона је на доби посакуваната минутажа од Томас Тухел, па побарал дозвола за трансфер, која наводно била прифатена од страна на челните лица на парискиот тим. 

Се споменува сум од 25 милиони евра, која не би требало да претставува проблем за буџетот на Јунајтед, а белгискиот бек би потпишал договор на три сезони. Доколку оваа опција пропадне, англискиот тим ќе се насочи кон фудбалерот на Кристал Палас, Ван Бисака.