Јунајтед ќе прави „чистка“ во јануари, седум играчи на трансфер листата

Манчестер Јунајтед ова лето доведе засилувања во сите линии од теренот, а секако најзвучно беше Кристијано Роналдо. Покрај него пристигнаа и Џејдон Санчо и Рафаел Варан, кои во никој случај не се имиња за изоставање. 

Според најавите од „островот“, Манчестер Јунајтед оваа зима ќе прави „чистка“ и дури седум фудбалери ќе бидат на трансфер листата. 

Можеби најзвучното име кое може да замине е Дони Ван Де Бек, кој пристигна од Ајакс како огромен талент и се очекуваше да добие простор на „Олд Трафорд“, но со доаѓањето на Бруно Фернандеш не дојде до тоа. Холанѓанецот би можел да блесне ако добие шанса, па заминување од Манчестер е идеална опција за него. 

Покрај Ван Де Бек, на трансфер листата се најдоа Џеси Лингард, Фил Џонс, Ерик Бејли, Ентони Марсијал, Диого Далот и Алекс Телес. Овие фудбалери немаат простор за напредок во клубот, па среќата би можеле да ја побараат во нова средина.