Јунајтед ја договори „трансфер-бомбата“, доаѓа најголемото засилување

Екипата на Манчестер Јунајтед успеа да најде заеднички јазик со Лацио и го договори најголемото засилување во овој преоден рок, во името на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Фудбалерот на „лацијалите“ постигнал усмен договор со Манчестер Јунајтед, но само една работа ја кочи официјализацијата. Се чека на Пол Погба, кој треба да се пресели во Реал Мадрид, за се да биде официјализирано.

Англискиот премиерлигаш за услугите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ на Лацио ќе му плати 75 милиони евра во кеш, плус додатни 15 милиони евра како бонуси. Србинот со „ѓаволите“ ќе потпише петгодишен договор.