Јунајтед испрати понуда од 70 милиони евра за еден од најдобрите фудбалери на Барса

Манчестер Јунајтед ѝ понуди на Барселона 70 милиони евра за 28-годишниот Бразилец Рафиња, објавија британските медиуми. Клубот верува дека со својата брзина, дриблинг и реализација од различни позиции, Рафиња претставува идеално решение за напаѓачките проблеми на тимот.

Бразилецот оваа сезона за Барселона постигна 27 гола и има 21 асистенција во сите натпреварувања. Неговите одлични настапи го привлекоа вниманието на бројни европски гиганти, но само Јунајтед беше конкретен со финансиска понуда.

Договорот на Рафиња со Барса истекува во јуни 2027 година, но се претпоставува дека Каталонците би можеле да ја прифатат понудата поради тешката финансиска ситуација. Бразилскиот репрезентативец пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за трансфер вреден 58 милиони евра и постигна 47 гола со 46 асистенции во 124 натпревари за клубот.