Јунајтед има дилема: Милиони за Кејн или нов договор за ветеранот Кавани?

Кејн Кавани

Добрата форма на Единсон Кавани во завршницата од сезоната го убеди Оле Гунар Солскјер дека уругвајскиот напаѓач заслужува да биде во Манчестер Јунајтед и наредната сезона.

Меѓутоа амбициите на управата се што поскоро да се доведе ѕвездено засилување. Прво име на листата е Хари Кејн, кој е на излезни врати од Тотенхем, поради големиот број неуспеси во изминатиот период.

Тоа е дилемата со која премиерлигашот ќе се соочи ова лето. Фановите не се задоволни со просечен успех во домашното првенство и титула во Лига Европа. Тие посакуваат нови убави моменти во Лигата на шампионите.

Поради тоа експертите сметаат дека Јунајтед треба да се насочи кон голгетерот на „петлите“. 27-годишникот се наоѓа во најдобриот момент во кариерата и допрва треба да ја докажува својата класа. 

Меѓутоа парите кои Тотенхем ги бара за него можеби ќе донесат преголем финансиски товар за тимот од „Олд Трафорд“. Се споменува сума од над сто милиони евра, од која Даниел Леви, првиот човек на лондонскиот клуб, нема да отстапи.