Јунајтед и Фулам ќе ја отворат сезоната, едно големо дерби уште на стартот на ПЛ

Англиската Премиер лига го објави распоредот на натпревари за натпреварувачката сезона 2023/24. 

Завесата на новата сезона се крева в петок на 16 август, а тогаш Манчестер Јунајтед во вечерен термин ќе го дочека Фулам. Следниот ден во саботната програма има шест натпревари, два се играат в недела и еден в понеделник. 

Најголемото дерби на стартот на сезоната ќе го одиграат шампионот Манчестер Сити и Челзи на „Стемфорд бриџ“ на 18 август во 17:30 часот.

Првото големо дерби ќе се одигра веќе во третото коло на „Олд Трафорд“ меѓу ривалите Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Целосниот распоред на натпревари во Премиер лигата погледнете го на ОВОЈ линк.