ВИДЕО: Јунајтед и Барса актери од две поранешни финалиња, Каталонците славеа во Рим и Лондон

Соочувањето на Манчестер Јунајтед и Барселона е потсетување на две финалиња на Лигата на шампионите играни овој милениум. Имено, во тимот на Барселона играат тројца, а кај Јунјатед двајца фудбалери кои беа актери на легендарните финалиња во 2019 и 2011 година кога Каталонците станаа европски шампиони.

Меси, Бускетс и Пике играа во натпреварите за титула во Рим и Лондон, каде се радуваа фудбалерите на Барселона водени од Пеп Гвардиола. Кај Англичани настапија Валенсија и Смолинг од сегашниот ростер. Во Рим, шпанскиот тим поведи со 2-0 со головите на Ето и Меси, а на „Вембли“ резултатот гласеше 3-1. Погодоците за Барса ги постигнаа Педро, Виља и Меси, а Руни погоди за „црвените ѓаволи“ на Фергусон.

Финале на ЛШ - Барселона - Манчестер Јунајтед (2009):  

Финале на ЛШ - Барселона - Манчестер Јунајтед (2011):

Двете екипи ќе се сретнат на 9 и 15 април, најнапред во Манчестер, а потоа во Каталонија