Јунајтед го загуби врвот, Сити е нов највреден клуб во Англија

Најновите истражувања покажаа дека Манчестер Сити е нов највреден клуб во Премиер лигата.

„Граѓаните“ по долго време го симнаа од врвот градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Најдобрите 20 екипи кои се натпреваруваат во најсилната англиска лига имаат вкупна вредност од 14,7 милијарди долари.

Првите шест имаат вредност од околу 11 милијарди долари што е 74% од вкупната сума. 

Тимот на Пеп Гвардиола оствари високи приходи во изминатите 12 месеци и поради пониските плати во однос на „црвените ѓаволи“ се искачи на првата позиција.

Разликата меѓу најдобрите шест и „останатите“ е голема. Арсенал кој е шести по вредност е речиси една милијарда повреден од седмопласираниот Барнли.