ВИДЕО: Јунајтед сo три гола во десет минути „ѓаволски“ го распарчи Њукасл

Манчестер Јунајтед на Оле Гунар Солскјер покажа моќ и ефикасност, славеше на гости кај Њукасл (1-4) во рамки на 5. коло од Премиер лигата и им се врати на победите во англиската елита.

  • Извештај од натпреварот:

„Ѓаволите“ го уловија противникот во фото-финиш, со кој ја распарчија мрежата на Њукасл во само десет минути со три постигнати гола. Голманот Пикфорд можеше да биде јунак затоа што забележа неколку одлични одбрани, ама тимот на Соскјер се разбуди кога беше најпотребно.

Мечот, сепак, не наговестуваше таков триумф на Јунајтед, затоа што уште во 2. минута Лук Шо си постигна несреќен автогол. Во 20. минута Бруно Фернандеш успеа да изедначи, но ВАР го поништи голот поради офсајд, за тоа да се исправи три минути подоцна, кога највисок во скокот беше Хари Мегваер и стрела по асистенција на Мата.

Во 58. минута гостинот доби пенал, но Фернандеш промаши за првпат како играч на Манчестер Јунајтед. Се играше без голови по оние два во првиот дел се до 86. минута, кога започна рапсодијата на гостинот. Прво погоди Фернандеш за пресврт, за потоа во 92. и 96. минута во листата на стрелците да се запишат Ван-Бисака и Рашфорд.

За Манчестер Јунајтед ова беше втора победа во новата сезона и тимот има шест бода. Њукасл остана со седум бода на контото и го доживеа вториот неуспех. Во следната рунда Јунајтед го чека дерби-дуел со Челзи, а Њукасл гостува кај Вулвс.