Јунајтед блиску до потписот на Санчо, Борусија попушти во преговорите

Санчо

Англиските медиуми пишуваат за наводна согласност од страна на Борусија Дортмунд во врска со трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед.

Според последните шпекулации, англискиот репрезентативец е чекор поблиску до „Олд Трафорд“, откако неговата екипа прифатила понуда од 70 милиони евра. Претходно тврдењата беа дека „милионерите“ нема да попуштат и да се ослободат од својата ѕвезда за помалку од 100 милиони.

Меѓутоа бундеслигашот нема да остане без клаузули од кои договорот би можел да им донесе дополнителни бонуси во иднина. Тоа е очекуван чекор, со оглед на квалитетот на 20-годишниот офанзивец. Се зборува за сума која ќе ја достигне замислата на Борусија, но истата ќе биде исплатена во подолг временски период. Санчо одигра 32 меча и постигна 17 гола и подели 17 асистенции во изминатата сезона.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.