• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалски интернационалец Давор Здравковски забележа јубилеј во дресот на шкотски Мадервел за време на натпреварот против Килмарнок во шкотската Премиер лига.
26-годишниот дефанзивен играч за врска по 50. пат во кариерата го носеше дресот на шкотскиот премиерлигаш. Неговото деби беше во јули 2023 година против Ист Фајв, а во период од година и пол дојде до јубилејна бројка.
Здравковски дојде во Мадервел во 2023 година од АЕЛ Лимасол во Кипар каде настапуваше цели шест години, а претходно беше дел од Македонија ЃП.
Фудбалерот има 35 натпревари во шкотската Премиер лига, уште пет се во плеј-аутот, а вкупно десет се низ куповите во земјата. Зад своето име Здравковски има еден гол за Мадервел.