Јовиќ заминува од Мадрид, српскиот напаѓач ја знае својата судбина

Јовиќ

Лука Јовиќ требаше да биде иднината на Реал Мадрид. Но, наместо тоа, се претвори во најразочарувачкиот трансфер на „кралевите“ во поновата историја.

Србинот покажа голем потенцијал во Ајнтрахт Франкфурт, но беше спротивно од тоа за време на престојот на „Сантијаго Бернабеу“. Проблемот за мадриѓани е неговиот карактер, однесувањето, ладнокрвноста и резервираноста. Такви карактеристики не се дозволуваат во еден од најдобрите клубови на светот.

Голем број повреди, кршење правила на самоизолација за време на пандемијата и малку голови и асистенции е приказната на српскиот интернационалец во Реал. Тоа не е доволно за да се убеди еден фудбалски великан како Зинедин Зидан, па поради тоа 22-годишникот е ставен на листата за продажба.

Засилувањето кое го чинеше Флорентино Перез околу 60 милиони евра одигра 33 натпревари и постигна само два гола. Неговиот учинок ќе ја отежни продажбата, но се очекува талентот и годините за нијанса да ја олеснат работата на шпанскиот гигант.

Јовиќ може да одбие трансфер, но за него би било ужасно во овој дел од кариерата да седи само на клупата.