Јовиќ: Реал Мадрид ми отвори порти да станам уште поголем играч

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ е најновата аквизиција на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид.

Напаѓачот доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт и вели дека е остварување на сонот да се парафира со „кралскиот клуб“. За услугите на Србинот, тимот чиј сопственик е Флорентино Перез плати нешто околу 60 милиони евра.

„Уживав во изминатите две години во Ајнтрахт Франкфурт. Запознав многу луѓе, имав блескави моменти. Може да бидеме горди на нашите достигнувања. Никогаш нема да ја заборавам оваа сезона во Лига Европа. Не ми беше лесно да си одам, но Реал Мадрид ми отвора врата да станам уште поголем играч. Секое дете сонува да игра во овој клуб. А, мојот, тукушто се оствари“, изјави Јовиќ.

Јовиќ е првата „деветка“ која доаѓа во Реал Мадрид како трансфер во последните десет години, или прва по ангажманот на Карим Бензема од Лион во 2009 година.