Јовиќ не сака да остане во Милан и спремен е да прифати понуда од Русија!

Во последните две години малку големи фудбалски имиња се решаваат за трансфер во руската Премиер лига, бидејќи клубовите од Русија не играат во евро-куповите. Сепак, има и такви кои едвај чекаат да заминат во Русија. 

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ има приоритет каде ќе ја продолжи кариерата следната сезона. Заминувањето во Саудиска Арабија во моментов не е опција за Лука. Од Италија се почесто се слуша дека Милан го посакува во следните три години, но вистинската „бомба“ доаѓа од Русија.

Зенит е спремен да го направи Лука Јовиќ еден од најплатените играчи во историјата на лигата и му нуди неверојатни 50 милиони евра за четири години.

Лука Јовиќ со српската репрезентација на 16 јуни во Гелзенкирхен ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство против Англија.