Jовиќ на српски им се обрати на „мадридистите“: Денес сум најсреќното момче на светот! 

Еден од најголемите српски таленти, Лука Јовиќ, денес и официјално е претставен за нов фудбалер на Реал Мадрид

Шпанскиот гигант за неговиот потпис издвои дури 60 милиони евра, а на денешната презентација, Јовиќ на фановите им се обрати на српски јазик. 

„Добро утро на сите. Ви благодарам што сте тука. Денес, јас сум најсреќното момче на светот. Сигурен сум дека ја избрав најдобрата опција. Ќе дадам сè од себе за да му помогнам на Реал Мадрид да реди успеси“, рече Јовиќ. 

21-годишниот поранешен светски младински шампион со Србија, во редовите на Реал Мадрид доаѓа до германски Ајтрахт Франкфурт, а претходно ги носеше дресовите на Бенфика и Црвена Звезда