ВИДЕО: Јовиќ експлодира на дебито, со ДВА гола го израдува Ајнтрахт!

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт дојде до посакувана победа над Шалке 04 (3-1) благодарение на повратникот во тимот, Лука Јовиќ, кој се врати од Реал Мадрид и со два гола и блескав настап донесе важен резултат за неговиот тим.

  • Извештај од натпреварот:

Српскиот напаѓач влезе од клупата за резерви во 62. минута, а десет минути подоцна успеа да се запише во листата на стрелците, за важна победа на Ајнтрахт Франкфурт. Српскиот голгетер успеа потоа да постигне уште еден гол, во 92. минута, за конечни 3-1. Лука Јовиќ покажа дека Франфкурт и тоа како му одговара, затоа што за Реал Мадрид на 32 натпревари даде два гола, а на дебито во старо-новиот клуб веднаш успеа да стрела двапати.

Што се однесува до останатите два гола на натпреварот, Ајнтрахт Франкфурт поведе со гол на Андре Силва во 28. минута, а во 29. минута гол за 1-1 постигна 19-годишното американско фудбалско чудо Метју Хоп.

Ајнтрахт Франкфурт ја запиша четвртата победа во низа и сега е на седмото место во Бундеслигата, додека Шалке 04 е на дното со седум бода.