Јоветиќ успешно опериран, се враќа на терените по осум месеци

Црногорскиот репрезентативец и фудбалер на Монако, Стеван Јоветиќ, го оперираше коленото скоро една година ќе биде надвор од терените. 29-годишниот напаѓач нема да игра за националниот тим на претстојните квалификации за Европското првенство во 2020 година, а ќе го прескокне и првиот дел од следниот шампионат на Франција. 

На Црногорецот му се предвидува пауза од осум месеци. Ова е втора операција на коленото и многумина се сомневаат дека Јоветиќ ќе се врати да игра елитен фудбал.

Пред да дојде во Франција, напаѓачот го носеше дресот на Фиорентина, Манчестер Сити, Интер и Севиља.