Јоветиќ: Толку долго чекав трофеј... Ова е за таткоми кој не е меѓу нас!

Екипата на Олимпијакос во драматична завршница со гол во 116. минута од продолженијата го реши финалето на Конференциската лига против Фиорентина. Токму против својот поранешен клуб на прв европски голем трофеј се радуваше Стеван Јоветиќ.

Црногорецот беше емотивен по крајот на натпреварот, нагласи колку му значи трофејот и го посвети на неговиот татко кој е починат.

„Неверојатно е чувствово. Навистина не можам да опишам. Чекав да освојам голем трофеј толку долго, исто како и Олимпијакос. Ги исфрливме Фенер, Макаби, Астон Вила... Огромен успех. Ја посветувам оваа победа на семејството и на мојот починат татко. Треба да прославиме, да уживаме. Мојата жена знае низ што сè минав и колку сум сега горд“, изјави Јоветиќ. 

Јоветиќ во ова финале имаше шанса да биде херој, бидејќи во продолженијата имаше солидна шанса. Сепак, неговиот добар удар го одбрани голманот Терачано.