Јовановски: Сакаме да тргнеме со успех на домашен терен

Почетокот на новата сезона во ПМФЛ ќе го најават два натпревари и тоа Шкендија - Вардар и Работнички - Ренова.

Тренерот на „романтичарите“, Ѓоре Јовановски, вели дека почетокот на секоја сезона е тежок, но очекува квалитетно издание од своите фудбалери на утрешниот натпревар на „Филип Втори Арена“.

„Секогаш е тешко на стартот, а дополнителни тешкотии за фудбалерите на двете екипи ќе направат и временските услови. Подготвени сме и верувам дека тимот ќе одговори на задачата. Ренова е квалитетен тим, тие секогаш сакаат да се надигруваат и ние ќе го прифатиме предизвикот. Играме на домашен терен и се надеваме на успех“, реше шефот на стручниот штаб на Работнички.

Остатокот од натпреварите од првото коло се играат в недела со почеток од 17:00 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 РеноваРенова 1 1 0 0 4:3 1 3
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 1 0 0 2:1 1 3
3 ПобедаПобеда 1 1 0 0 1:0 1 3
4 ШкендијаШкендија 1 0 1 0 2:2 0 1
4 ВардарВардар 1 0 1 0 2:2 0 1
6 ШкупиШкупи 1 0 1 0 1:1 0 1
6 СилексСилекс 1 0 1 0 1:1 0 1
8 РаботничкиРаботнички 1 0 0 1 3:4 -1 0
9 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 0 0 1 1:2 -1 0
10 БеласицаБеласица 1 0 0 1 0:1 -1 0