Јовановски: Работнички со машка борба доби тешка битка за Европа

Ѓоре Јовановски, стратегот на Работнички, по победата над Скопје (3-2) и пласманот во Лигата на Европа им честита на своите фудбалери за борбеноста и истакна дека овој голем успех на „романтичарите“ од Дебар Маало  е нивен.

„Со емоции по средбата тешко може да зборувам. Честитки за успехот што го направи Работнички, ова е за сите во клубот. Успехот го препишувам на фудбалерите. Играа под психолошки притисок, екипи ни бегаа дури и по 10 бода во одреден ден од сезоната, но ги стигнавме, потоа и  ги престигнавме и дојдовме до Европа. Од пследниот натпревар не сум задоволен во однос на играта, но со пласманот во Европа се се заборава. Сигурно дека беше тешко како и да е честитки за фудбалерите најмногу заслужуваат“, изјави Јовановски по мечот.

Работнички ќе ја претставува Македонија во Лигата на Европа заедно со Вардар, а третиот патник во квалификациите од најмасовното европско фудбалско натпреварување ќе се реши по финалето од Купот на Македонија.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Шкендија 79Шкендија 79 23 15 5 3 48:16 32 50
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 23 13 3 7 28:17 11 42
3 ВардарВардар 23 12 6 5 26:16 10 42
4 ШкупиШкупи 23 9 6 8 24:22 2 33
5 РаботничкиРаботнички 23 9 4 10 30:33 -3 31
6 РеноваРенова 23 7 9 7 27:27 0 30
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 23 6 8 9 26:34 -8 26
8 СилексСилекс 1 23 5 9 9 16:28 -12 24
9 БеласицаБеласица 23 4 7 12 17:33 -16 19
10 ПобедаПобеда 23 5 3 15 17:33 -16 18