Јовановски: Нема да се браниме во Унгарија, нападот е најдобра одбрана!

Екипата на Работнички со победа ја отвори европската авантура против Хонвед (2-1), а стратегот Ѓоре Јовановски е задоволен од прикажаното и успехот им го препиша на своите фудбалери, кои одиграа машки меч и во топло и спарно време го победија ривалот.

„И двата тима заслужуваат честитки. Одигравме еден тежок дуел, во многу топли временски услови. Победивме на првиот дуел, сега нашите шанси се 50-50. Се надевам дека во Будимпешта ќе имаме малку подобри временски услови, па актерите ќе можат да покажат подобра фудбалска претстава и да одиграат меч на високо ниво. Хонвед ја бараше екипата во текот на подготвителните натпревари .На наредниот меч нема да го браниме резултатот, туку ќе напаѓаме за да дадеме гол. Знаеме дека нападот е најдобра одбрана“, изјави Јовановски.

Реваншот меѓу Хонвед и Работнички во Будимпешта се игра за шест дена, со почеток од 20.00 часот.