Јовановски и Јоковиќ се разделија со „пандевци“, доаѓаат нови имиња

Екипата на Академија Пандев ќе претрпи сериозни промени во текот на зимскиот преоден рок затоа што повеќе од половина тим ќе биде променет. Тукушто заврши есенскиот дел од сезоната, четири имиња си заминаа од Струмица.

Голманот Марко Јовановски, дефанзивецот Душан Јоковиќ, играчот од средниот ред Бојан Најденов и напаѓачот Марко Ѓорѓиевски повеќе не се меѓу струмичани. Четворицата си заминаа предвреме од екипата, по разговори со клупската управа.

Академија Пандев останува под водство на Александар Васоски и понатаму, а веќе се договорени две нови имиња. Се работи за еден нов дефанзивец од Македонија, како и уште еден хрватски интернационалец кои наскоро ќе бидат промовирани од „пандевци“. Се направи и детален план за подготовките.

Академија Пандев ќе замине на главни подготовки во Турција, Анталија, каде ќе одигра четири пријателски средби. Веќе се бараат ривалите, за тимот да ја подобри формата и резултатите за пролетниот дел од сезоната кој мора и може да биде подобар, ако се земе предвид квалитетот на екипата.

„Пандевци“ се претпоследни во ПМФЛ и со само 12 освоени бода, а ги чека тешка битка за опстанок ако се земе предвид дека главните конкуренти почнаа да освојуваат потребни бодови за спас.