ВИДЕО: Јовановски без одговор, Алашкерт со „бомба“ поведе во Ереван

Алашкерт

Одбраната на Македонија Ѓорче Петров издржа само 16 минути на гостувањето во Ереван.

Домаќинот Алашкерт ја круниса благата иницијатива и поведе со прекрасен гол од далечина на Никита Танков. Тој доби топка во централниот дел од теренот и биеше силно, а одговор немаше од страна на голманот на „лавовите“ Јовановски.

  • Голот за водство на Алашкерт:

Македонскиот прволигаш е инфериорен во однос на домашната екипа, која покажа поголема желба за надигрување.