Јован Манев може да не остане во Осијек, иднината му е неизвесна

Македонскиот репрезентативец Јован Манев во моментов е член на хрватскиот прволигаш Осијек, но може да не остане во ХНЛ-лигата, затоа што неговата иднина е неизвесна и клубот ќе го разлгедува неговиот статус.

22-годишниот стопер е позајмен од Адана Демирспор, а во договорот на двата клуба стои дека постои право на откуп за однапред договорен износ, за кој се вели дека е 1,5 милиони евра. Сепак, македонскиот фудбалер се наоѓа во група на играчи чиј статус допрва ќе се разгледува.

Покрај Јован Манев, статусот во Осијек ќе се разгледува и на стоперот Андре Дуарте, Стјопа Мкртчјан од Ерменија, како и Олександр Драмбајев од Украина.

Манев досега во Осијек настапи на седум меча во ХНЛ. На четири беше стартер, додека на три одигра по едно полувреме. Македонецот не беше во тимот на последните три натпревари со Локомотива Загреб, Динамо Загреб и Ријека.

Стоперот покрај за Адана Демирспор и Осијек настапуваше и за Брегалница Штип и кочански Осогово.