Јован Манев ја избегна најцрната повреда, заврши годината за стоперот

Екипата на Нови Пазар успеа да се пласира во следната фаза од Купот на Србија, но славјето на гостите беше засенето од непријатна сцена, тешка повреда на македонскиот дефанзивец Јован Манев.

Стоперот кој во последните натпревари добиваше сè поголема доверба од тренерот Владимир Гачиновиќ, доживеа повреда на коленото по еден воздушен дуел со домашниот играч Стефан Попов. При приземјување, Манев незгодно ја свитка ногата, по што падна во болка. Сцената беше толку тешка што на теренот завладеа молк, а соиграчите веднаш повикаа медицинска екипа.

Првичните прогнози не беа објавени сè додека не се направи магнетна резонанца. Сега, пристигнаа резултатите и, на среќа, најцрните сценарија беа избегнати. Станува збор за луксација на пателата, односно ишчашување на коленската чашка, без оштетување на лигаментите.

Манев според прогнозите го чека пауза од четири до шест недели. Со оглед на тоа што есенската полусезона во Србија трае до средината на декември, постои мала можност Манев да се врати на теренот пред крајот на календарската година, доколку рехабилитацијата помине во најдобар ред.