• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Јован Манев се пресели од Турција во Хрватска и ќе игра за Осијек, а со неговиот трансфер испиша историја.
Дефанзивецот кој дебитира за националниот тим во овој циклус во новата сезона ќе биде позајмен од Адана Демирспор во хрватскиот тим, со обврска тој да биде откупен за 1,5 милиони евра.
Трансферот на Манев во Осијек е трет најскап во клупската историја. Пред него се центарфорот Рамон Миерез за кого клубот плати 2,5 милиони евра, како и Кристијан Ловриќ кој чинеше 2,25 милиони евра.
Јован Манев го постигна и првиот гол за Македонија против Малта.