Јован Костовски промовиран во кипарски Етникос

Македонскиот интернационалец Јован Костовски направи трансфер во Кипар, каде ќе го носи дресот на Етникос Ахна.

Костовски последен пат играше за белгиски Леувен, а двете страни по крајот на сезоната се разделија откако не беше продолжена соработката. 32-годишникот мина шест години во Белгија, па ја официјализира соработката со Етникос.

Јован Костовски покрај за Леувен во кариерата играше уште и за Вардар, Ордуспор, Металург и Крит. Има и 13 настапи за репрезентацијата на Македонија, на кои има вкупно два погодока.

Етникос Ахна в година ќе игра во најдобриот кипарски шампионат, откако ја заврши сезоната на првото место во второлигашкото друштво и обезбеди промоција.