Јотовски во три сета го скрши Тенти за четвртфинале во Австрија

Првиот македонски рекет Томислав Јотовски продолжува со одличните игри на ИТФ фјучерсот во Крамзах -Австрија, кој е со награден фонд од 25.000 американски долари.

27-годишниот Јотовски по стартната победа над домашниот тенисер Филип Шрол, попладнево со во рамки од второто коло беше подобар од Аргентинецот Фермин Тенти над кого славеше во три сета (6-1,3-6,6-4).

Во борбата за место меѓу четирите најдобри во Крамзах, нашиот тенисер ќе се судри со Едуардо Дишингер од Бразил