Јорданеску: Овој тим има душа и срце, Романија не се плаши од никого!

Романскиот селектор, Едвард Јорданеску, после победата над Украина (3-0) изјави дека неговата репрезентација има невеорјатен карактер и срце со кое може да го совлада секој ривал на континенталниот собир. 

„Оваа генерација има душа и срце, нешто што ни недостасуваше во минатото. Голем ден за Романија, историска победа за нас. Успехот ни значи многу, но нема да застанеме тука. Играчите сфатија дека можеме да се носиме со сите ривали“, изјави Јорданеску“. 

Романците направија големо изненадување и ја здробија Украина во првиот натпревар од групата Е, а навивачите изразија огромна почит за целиот тим и најавија уште поголема инвазија на Германија за следните два меча. 

Состави

Eduard Iordanescu

4-1-4-1

    Сергеј Ребров

    4-2-3-1