Јорданчо Наумоски потпиша за штипска Брегалница

Екипата на Брегалница од Штип донесе ново име и објави дека Јорданчо Наумоски од денес е сино-бел.

Наумоски во пролетниот дел ќе биде дел од Брегалница. Доаѓа како засилување во средниот ред. Има 30 години, кариерата ја започна во ФК 11.Октомври во Прилеп, потоа настапуваше во Данска, во подмладокот на Брондби.

Низ кариерата Наумоски уште има настапувано за Металург, Победа, Тиквеш, а во Штип доаѓа од битолски Пелистер.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.