Јонуз одличен со Влазнија, убедливо го совлада некогашниот албански првак

Македонскиот стратег Мирсад Јонуз и неговата Влазнија забележаа победа во албанскиот шампионат и тоа над некогашниот првак Скендербег, совладјваќи го со убедливи 4-0 (1-0).

На домашен терен избраниците на Јонуз беа перфектни и продолжија со добрата низа. Влазнија има само еден пораз на шест натпревари, а воедно има и најдобра одбрана во лигата, со само два примени гола.

Во убедливата победа, настапија и македонските фудбалери Глигоров и Ристески. Глигоров на теренот мина 75 минути, додек Ристевски доби 20 минути од клупата за резерви.

Влазнија е на петтото место во албанскиот шампионат по шест одиграни кола.