Јонуз на цена во Албанија: Партизани го сака поранешниот селектор за свој тренер

Поранешниот македонски селектор, Мирсад Јонуз го препороди албанскиот прволигаш Влазнија и неговата работа не остана незабележана. Медиумите во Албанија пишуваат за интерес на Партизани од Тирана за тренерот на Влазнија. 

Клупата на тренерот Калари не е сигурна и македонскиот стручњак е во најтесен круг за негов наследник. 57-годишниот Јонуз го воздигна новиот прволигаш Влазнија и омилен е во Скадар. По 15 кола екипата на Влазија е петтопласирана со 23 бода.

Еден од нашите најискусни фудбалски стручњаци пред да го прифати албанскиот предизвик, работеше во Грција и на Кипар, а шест години беше селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година и уште две предводник на сениорскиот национален тим.