ВИДЕО: Јонуз дебитираше со победа, Влазнија со стил се врати во елитата

Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз со победа ја започна својата авантура на клупата на Влазнија од Скадар во албанскиот шампионат. На отворањето на новата сезона Влазнија го победи Лачи со 1-0, а единствениот гол го постигна Хигор во последната минута од првиот дел.

  • Извештај од натпреварот: 

Од македонските интернационалци Глигоров ги одигра сите 90 минути, а стадионот во Скадар беше исполнет за враќањето на Влазнија во елитата.

Oд останатите фаворити за висок пласман, Тирана го победи Љуфтетари со 3-0, a Скендербург беше подобар од Фљамуртари со 1-0.