Јокохама го има најстариот тандем во светот со вкупно 93 години!

Јокохама

Фудбалскиот клуб Јокохама во своите редови го има најстариот фудбалер на светот. Се работи за искусниот Казујоши Миура кој има 52 години и уште активно се занимава со фудбал.

Покрај него во клубот има уште еден возрасен член кој ги поместува границите во светскиот фудбал. Тоа е легендарниот јапонски играч за врска Шунсука Накамура кој има 41 година.

Јапонецот е познат на фудбалската јавност по својата „левица“ и настапите во редовите на Селтик.

Останува да видиме како во новата сезона ќе изгледа насјтариот тандем во светот.