Јохан Манзамби од Фрајбург е откритие на годината во Лига Европа

Швајцарецот Јохан Манзамби е официјално избран за откритие на годината во второто најквалитетно клупско натпреварување - Лига Европа на УЕФА. 

Играчот на Фрајбург има одлична сезона зад себе и му помогна на својот тим да дојде до прво историско финале во евро-куповите. Постигна два гола и две асистенции на петнаесет одиграни натпревари, со просечна оценка од 7,0. 

Манзамби имаше солиден учинок и во Бундеслигата, каде забележа пет гола и четири асистенции, потврдувајќи дека се работи за исклучително талентиран млад фудбалер. 

Фрајбург загуби со убедливи 3-0 од Астон Вила во финалето на Лига Европа, но во секој случај, германскиот тим оствари голем успех со пласманот во мечот за трофејот.