ВИДЕО: Јоаким Лев не учи од грешките - си ги чепкаше забите, па му пушти рака на Сане

Јоаким Лев заби

Селекторот на Германија, Јоаким Лев, вчера излезе со подмладен состав кој ремизираше против Србија на пријателската средба во Волфсбург.

  • Извештај од натпреварот:

Лука Јовиќ и Леон Горецка се погрижија за головите, а мечот го одбележа и грубиот старт на Милан Павков врз Лерој Сане поради кој заработи директен црвен картон.

>> ВИДЕО: Крвнички старт на Павков врз Сане, Германецот среќен што не се здоби со скршеница

На фудбалските фанови ништо не им бега, па така беше и за време на вчерашниот меч на кој повторно мета беше германскиот селектор. Тој е познат по своите гестови покрај аут-линијата, за кои сигурно повеќе од вас знаете за што се работи.

Овојпат не беше во прашање неговиот нос или задник, туку неговата уста, поточно забите. Откако добро ги исчисти, му пушти рака на Сане кој се наоѓаше на клупата за резерви.

Погледнете ја ситуацијата: