Јоаким Лев и Месут Озил добиваат сериозни функции во турскиот национален тим?

Голем дел од регионалните медиуми ја пренесоа веста дека Месут Озил многу бргу би можел да се врати во фудбалот и да добие исклучително сериозна функција.

Германскиот фудбалер со турско потекло пред само шест месеци замина во спортска пензија, но наскоро се очекува негова промоција во нов директор на турската фудбалска репрезентација. Турција неодамна го отпушти селекторот Штефан Кунц, а на неговото место би требало наскоро да пристигне поранешниот германски селектор, Јоаким Лев

Турските медиуми на големо шпекулираат дека токму Озил ќе биде новиот генерален менаџер и тој директно би соработувал со Лев, со кого заедно на Германија ѝ ја донесоа светската титула во 2010 година. И дел од германските спортски новинари ја објавија оваа вест, што само дополнително ги „подгрева“ информациите за евентуалното преземање на новата функција. 

Месут Озил последните сезони ги одигра во Турција, настапувајќи на Фенербахче, а потоа и за Истанбул Башакшехир, каде минатата сезона стави крај на професионалната кариера. Турските навивачи сигурно не би имале ништо против токму тој да биде новиот директор на репрезентацијата и со новиот селектор, националниот тим ќе се обиде да се пласира на следните две големи натпреварувања.