Јилдиз мина со мала суспензија за исклучувањето со Монца

Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, заработи суспензија од два натпревари поради црвениот картон што го доби на мечот против Монца во Серија А. 

Дисциплинската комисија соопшти дека покрај суспензијата, Јилдиз ќе мора да плати и казна од десет илјади евра, а ќе ги пропушти натпреварите против Болоња на 4 мај и против Лацио на 10 мај. 

Јувентус има 62 бода на четвртата позиција на табелата и до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите.