Јилдиз како Дел Пиеро пред триесет години: Даде речиси идентичен гол против истиот ривал (ВИДЕО)

Јувентус и Борусија Дортмунд го одиграа најлудиот натпревар на првиот натпреварувачки ден во Лигата на шампионите. Натпреварот на „Алијанц Стадион“ понуди дури осум погодоци во вториот дел, а иако Борусија поведе со 2-4 во 86. минута сепак не успеа да победи во Торино. 

Еден од најубавите моменти на средбата беше првиот гол за „старата дама“ во режија на Кенан Јилдиз. Младиот турски фудбалер даде ефектен погодок откосо во спротивниот агол од гостинскиот гол. 

  • Погодокот на Кенан Јилдиз против Борусија:

Овој погодок на Јилдиз неодоливо потсеќа на оној на Алесандро Дел Пиеро пред триесет години против истиот ривал. На 13 септември 1995 година легендата на Јувентус тогаш како млад и талентиран фудбалер даде еврогол на гости кај Борусија Дортмунд. 

  • Погодокот на Алесандро Дел Пиеро во 1995 година:

Сега, Јилдиз ги потсети повозрасните фанови на Јувентус на мајсторијата на Дел Пиеро.