Јевтоски се врати во ПМФЛ, ќе игра за Струга!

Македонскиот фудбалер Стефан Јевтоски се врати во македонскиот шампионат и во новата сезона ќе биде дел од актуелниот првак Струга Трим Љум.

Јевтоски, кој има 26 години и настапува во линијата дефанзивен играч за врска, не го продолжи договорот со Ујпешт и реши да се врати во Македонија.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија беше дел од Ујпешт во 2021 година, но имаше проблем со тешка повреда во периодот за адаптација.

Стефан Јевтоски низ кариерата покрај за Ујпешт настапуваше и за украински Арсенал Киев, хрватски Вараждин, бугарски Локо Пловдив, како и домашните клубови Работнички и Металург.