Јетон Беќири останува во Струга Трим Љум и во ПМФЛ

Јетон Беќири, стратегот кој ја внесе Струга Трим Љум во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ја доби довербата од управата и в година ќе го води тимот.

Беќири успешно го мина второлигашкото друштво и обезбеди деби-учество за Струга Трим Љум во елитата. Токму затоа доби и нов договор од управата, а сега се чека на нови засилувања кои ќе ја зголемат конкуренцијата за настапот во ПМФЛ.

Струга Трим Љум заврши на лидерското место во ВМФЛ - Запад, пред Лабуништа, која играше бараж, но испадна од Тиквеш.