• Горан Упале

Стручниот консултант на Хрватската радио телевизија (ХРТ) Јошко Јеличиќ беше во еуфорија откако Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.
Светскиот вицешампион по подобро изведување на пенали (1-1, 4-2) го елиминираа големиот Бразил и одново е на чекор до големо мундијалско финале.
„Ме погодија емоции, но ќе издржам. Ќе ја платам и казната затоа што го кажувам ова - мали сме, но за**ани сме. Ова е историја, овие момци покажаа што е Хрватска. Ова не е среќа, натпреварот беше брилијантно подготвен.
Страдавме и свесно се откажавме од поседот. Ливаковиќ е дел од овој тим, како и Јурановиќ, Кафу од Дубрава. Се надевам дека сомнежите за нашите момци ќе престанат“, рече Јеличиќ.
Хрватска во битката за финале ќе се соочи со Аргентина, која што исто така по изведувањето на пеналите славеше над Холандија.