ВИДЕО: Јединак со хет-трик ја однесе Австралија на Мундијалот во Русија

Репрезентацијата на Австралија обезбеди место на Светското првенство во Русија по денешната победа во реваншот во дуелот со Хондурас (3-1). 

По ремито без голови на првиот меч, Австралија денес се радуваше на победата, а херој на „кенгурите“ беше искусниот Миле Јединак, кој ги постигна двата гола. Најпрво погоди од слободен удар откако топката се одби од еден од противничките играчи, за потоа да го запечати пласманот на Мундијалот со втор и трет гол од пенал.

Гостите од Хондурас постигнаа гол за утеха во 94. минута преку Фигуероа. Последниот бараж за СП ќе го одиграат Перу и Нов Зеланд, кои исто така одиграа без голови на првиот натпревар.